Ф1
16. March 2019 - 10:29

Ф-1: Пол позиција за Хамилтон во Мелбурн

Продолжува доминацијата на Мерцедес од претходната сезона и на стартот на новата. 

Тоа се потврди на квалификациите за утрешната трка во Мелбурн од ГН на Австралија. 
Хамилтон го освои првото стартно место а веднаш до него ќе стартува неговиот клупски колега Валтери Ботас. 
Трета позиција обезбеди Себастијан Фетел пред Верстапен и новиот возач на Ферари Шарл Леклер.
Ова е 84. пол позиција за Хамилтон во кариерата. 
Трката стартува в недела во 6 часот по македонско време.