Ф1
2. September 2016 - 10:17

Ф-1: Ќе се пензионира Фелипе Маса

Возачот на Вилијамс, Фелипе Маса, објави дека по завршувањето на сезоната ќе се повлече од трките во Формула 1, пренесува BBC.
 
Фелипе Маса (35) најави повлекување, а еден момент од неговата кариера е забележан во историјата на Формула 1. Во 2008 година на последната трка во сезоната, Големата награда на Бразил, на Маса му беше потребна победа и во истовреме Хамилтон да биде пласиран до петтото место, тој победи на таа трка, а Хамилтон во претпоследниот свиок успеа да го мине Тимо Глок и да стигне до петтото место и шампионската титула.
 
Во 2009 година Маса имаше судар во квалификациите за Големата награда на Унгарија, операцијата тогаш беше успешна и тој ја продолжи кариерата.
 
„Горд сум на мојата кариера, иако шампионската титула во 2008 ми избега за еден бод. Морате да бидете силни за да можете да носите важни одлуки“, рекол Маса.
 
Бразилецот во кариерата возел за Саубер (2002), во 2006 му се приклучи на Ферари, а од 2014 е во Вилијамс.
 
Последната трка во кариерата ќе му биде онаа во Абу Даби и таа ќе биде 250-та во нековата кариера.
 
Маса има забележано 11 победи, освоено 16 пол позиции, а на победничкиот пиедестал се искачил 42 пати.