Ф1
22. July 2018 - 17:27

Ф-1: Кикс на Фетел за победа и прво место на Хамилтон

Трката на патеката во Хокенхајм мина вознакот на непредвидливите временски услови и најголемиот кикс на Себастијан Фетел во досегашната кариера што му овозможи на Луис Хамилтон да победи иако  стартуваше од 14. Место. 
Германецот пред домашната публика имаше пол позиција се до 52-риот круг кога излета од патеката и го испушти првото место. 
Ферари според познавачите направи тактичка грешка кога Раиконен дозволи да биде претекнат од Фетел кој се додека не заврна беше сигурен на чело на трката. 
Фетел излета по што Раиконен и Ботас влегоа во боксот што го искористи Хамилтон за победа и првото место во генералниот пласман пред следната трка во Унгарија. Зад него се пласираа Валтери Ботас, Кими Раиконен и Ферстапен кој го освои 4. Место.