Loading Video...
Ф1
2. September 2018 - 18:45

Ф-1: Хамилтон го претекна Раиконен за триумф на Монца

Инциденти, претекнувања, бројни возбудувања  и победа на Луис Хамилтон  донесе денешното издание на големата награда на Италија од шампионато во Ф-1  на патеката во  Монца.

                Уште од самиот старт  незгоди за фаворитите , инцидент во кој влетаа Хамилтон и Фетел а поголеми проблеми имаше Германецот кој мораше да влезе во боксот.

                По овој настан се разгоре битка за првото место помеѓу Раиконен и Хамилтон која траеше се до 45. Круг кога  светскиот првак нападна и успеа да мине на челната позиција што на крајот му донесе триумф пред Раиконен и Валтери Ботас.

                Фетел кој мораше да се бори за пласман од последната позиција успеа да стигне до 4.место. Хамилтон е лидер во генералниот пласман со 32 бода повеќе од Фетел.