Loading Video...
Ф1
26. May 2019 - 17:55

Ф-1: Голема победа на Хамилтон во Монако

Продолжува доминацијата на Луис Хамилтон во светот на Ф-1.  Британецот денеска победи на престижната трка во Монте Карло каде се возеше големата награда на Монако.

            Тој имаше голема конкуренција во Макс Верстапен и Себастијан Фетел но на крајот Верстапен поради казна заврши на 4. место додека на подиумот покрај светскиот шампион се искачија Фетел и Ботас.

                По трката Хамилтон кој по 77-ми пат победи во кариерата изјави дека ова му е најтешка победа бидејќи долго време возеше со меки пневматици а имаше и контакт со Ферстапен кој за среќа заврши без последици.