Ф1
21. July 2018 - 17:30

Ф-1: Фетел стартува прв, Хамилтон 14-ти

Продолжуваат возбудувањата во шампионатот во Формула -1. Лидерот во првенството СЕбастијан Фетел ќе стартува од првата позиција на утрешната трка пред домашната публика на Хокенхајм. 
Фетел постигна најдобро време на квалификацискиот тренинг  и беше за само две десетинки побрз од Валтери Ботас од екипата на Мерцедес и клупскиот колега  Кими Раиконен. 
На Германецот ова му 55-та пол позиција во кариерата и ќе се обиде да дојде до 5-тата победа оваа сезона и да се зацврсти на чело во генералниот пласман откако светскиот првак Луис Хамилтон денеска немаше свој ден и поради проблеми со хидрауликата остана без пласман па утре ќе стартува од 14-тата позиција. 
На втората стартна линија  покрај  Кими Раиконен ќе стартува  Макс Ферстапен од Ред Бул.  Потоа следуваат Магнусен, Грозжан, Хулкенберг, Саинц, Леклерк, Перез и ветеранот Алонсо кој ја обезбеди 11. Стартна позиција. 
Во генералниот пласман Фетел има 173 бода пред Хамилтон со 163 и Раиконен со 119.