-->
-->
Ф-1: Ферари и Мерцедес во војна?!
-->
Екипата на Ферари, со соопштение се дистанцираше од инженерот на Мерцедес Бенџамин Хојл, кој тимот го товари дека украл доверливи податоци. Исто така Ферари негира дека се договорил со Хојл, тој на почетокот на наредната година да се пресели во Маранело.
„Ферари разговараше со Хојл, но невистинае е дека тој потпишал договор со нашиот тим, ниту пак ни дал било какви податоци. Доколку навистина дека крадел податоци, тогаш на Мерцедес му посакуваме да ја добие правдата, но Ферари нема никаква врска со тоа, тоа е внатрешен проблем на Мерцедес“, стои во соопштението од Маранело.
Хојл наводно копирал доверливи документи меѓу кои се извештаи од трките, километражата и податоците за штетата на тимот на трката во Хунгароринг оваа сезона.Мерцедес од својот инженер ги бара назад сите документи и информации кои тој ги поседува, поради тоа тимот поднесе тужба против Хојл.
Хојл е вработен во „Mercedes AMG Hihg Perfomance Powertrains“, компанија која покрај за Мерцедес произведува мотори за Форс Индија, Вилијамс и Лотус Ф1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ и Вучевиќ ќе добијат кривична пријава за лажно пријавување и попречување на правдата
-
Албанија нема да учествува на доделувањето Нобелова награда за литература во Стокхолм
-
Арачиновец грабнал девојка од селото
-
Скопјанец прободен со нож и оставен на улица
-
Пукање во Скопје – полицаец итно префрлен во болница
-
Две лица физички нападнати во Скопје
-
Намалена видливост на неколку патни правци
-
ЈО отвори предмет за објавените аудио записи на социјалните мрежи