-->
-->
Ф-1: Денеска се вози решавачката трка за титулата(14ч)
-->
Британскиот возач Луис Хамилтон во болидот на Мерцедес во саботата оствари најдобро време на квалификациите за Големата награда на Абу Даби, последната трка од сезоната во Формула 1.
На патеката „Јес Марина“, Луис Хамилтон беше три десетти делови од секундата побрз од клупскиот колега од Мерцедес и водечкиот во генералниот пласман во првенството, Германецот Нико Розберг, додека трет е Австралиецот Даниел Рикардо од Ред Бул.
За британскиот возач ова е 61-ва „пол позиција“ во кариерата и 12-та оваа сезона остварувајќи предност пред решавачката трка во недела во 14 часот, во којашто ќе се обиде да ги надомести 12-те поени заостанување зад Германецот.
Хамилтон ќе стане шампион доколку во недела победи, а Розберг не се пласира меѓу првите тројца возачи. Розберг, син на првакот од 1982 година Финецот Кеке Реозберг, во Абу Даби може да ја прослава својата прва титула, додека за Хамилтон би била четврта.
Од четвртото позиција на патеката „Јес Марина“ ќе стартува Кими Рајконен од Ферари, по него Себастијан Фетел, исто така, од Ферари. Шест е Макс Верстапен од Ред Бул, седми Нико Хулкенберг од Форс Индија а осми е неговиот клупски колега Серхио Перес. Фернандо Алонзо од Мекларен-Хонда е деветти, десетти е Фелипе Маса од Вилијамс…
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина