-->
-->
Ф-1: Алонсо верува во Кубица
-->
Полскиот автомобилист Роберт Кубица се врати во Ф-1 циркусот а првата поддршка ја доби од шпанската икона Фернандо Алонсо кој го поздрави Кубица на приватниот тест со Рено. Шпанецот е долго време во пријателска врска со Полјакот со кого се познаваат уште додека возеа картинг.
„Мислам дека имам такво чувство бидејќи тој победуваше во сите помали категории. Кога возеше со иста машинерија како другите, секогаш ја победуваше генерацијата која сега е на врвот. Затоа мислам дека е најдобриот. Би сакал да го видам назад во Формула 1, но не знам каква е точно ситуацијата. Понекогаш разговараме, но не толку често колку би сакал“, вели Алонсо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море