Евзони затворен за сообраќај, на Дојран задржувања од најмалку еден час

Граничниот премин Евзони, на македонско-грчката граница е се уште затворен за сообраќај поради штрајк на грчките земјоделци. Отворени за сообраќај се премините Дојран и Меџитлија.
Од АМСМ информираат дека на граничниот премин Дојран поради зголемена фреквенција има задржувања од најмалку еден час. На останатите граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Ново на Сител
-

Поставени нови 72 знаци и патокази во Национален парк „Пелистер“
-

Кампања за заштита од пожари на Плоштад Македонија
-

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка
-

Евроамбасадорот Рокас во посета на Собранието
-

Сончево и топло
-

Десет милијарди евра во инфраструктурни капитални проекти во наредните 10 години: Владата најавува сериозен развоен потенцијал
-

Миленкоски задоволен од стартот на македонските одбојкари во Европската лига
-

И Израел и Иран се заканија со нови пожестоки напади ако не се почитува примирјето
