Евровизија 2023 нема да се одржи во Украина, Велика Британија потенцијален домаќин
Управниот одбор на Евросонг објави дека по извршената објективна анализа, а со оглед на актуелната состојба, одлучено е дека украинскиот јавен сервис не е во состојба да ги исполни сигурносните и оперативни гаранции за организација и продукција на натпреварување за песна на Евровизија.
-Ова натпреварување е една од најсложените ТВ продукции во светот со илјадници кои работат и присуствуваат на настанот и за тоа е потребна 12 месечна подготовка. По анализата управниот одбор со длабоко жалење заклучи дека украинскиот јавен сервис не е во состојба да ги исполни условите според ЕСЦ правилата. Му благодариме на украинскиот јавен емитер за соработката во деновите по победата, но ЕБУ одлучи дека следната година натпреварувањето не може да се одржи во Украина, се наведува во соопштението.
Во соопштението се наведува дека, согласно правила, ЕБУ ќе започне разговори со Би-Би-Си како овогодишен второпласиран јавен сервис, за потенцијално организирање на изборот за песна на Евровизија 2023 и негово одржување во Велика Британија.
Украина претходно беше организатор на Евровизија во 2017 и 2005 година.
Ново на Сител
-
СДСМ со осуда за протестите, обвинуваат дека се повредени четворица полицајци
-
Сенароден протест против францускиот предлог во 19 часот пред Влада, преку МНР до Собрание
-
Оглас за работа во ТВ Сител
-
Пандов: Доаѓам со багеров да ја „бутнам“ Владата
-
Мицотакис пред ЕП: Не смее да се заборави на предизвикот на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан
-
НСДП го прифаќа францускиот предлог
-
Димитров: Тврдењето дека билатералниот протокол не е поврзан со рамката е голема лага!
-
И денеска сенароден протест во 19 часот пред Влада против францускиот предлог