Loading Video...
Кошарка
9. April 2020 - 18:12

Европското кошаркарско првенство нема да се игра во 2021 година

Одложувањето на Олимписките игри во Токио за следната година донесоа големи проблеми на светските федерации во сите спортови

Олимпијадата во Токио наместо летово ќе се одржи следното лето, за кога е презакажано и Европското фудбалско првенство. 

Во низата на презакажувања на големите натпреварувања е и Европското кошаркарско првенство. 

Светската кошаркарска федерација (ФИБА), денеска реши да ги одложи квалификациите за ОИ, како и за  Евробаскетот, чија завршница е презакажана за 2022 година. 

Така  континенталниот европски шампионат наместо во 2021-ва е презакажан за  од 1 до 18 септември но во 2022 година. 

Сепак квалификациските натпревари во кои настапуваа и македонската репрезентација, остануваат непроменет односно Македонија во октомври ќе гостува во Италија и Естонија, а според календарот во февруари 2021 во Скопје ќе ги пречекаме Русија и Италија. 

ФИБА најавија дека квалификациите за ОИ ќе се одржат од 22 јуни до 4 јули 2021 година, но за тоа чекаат потврда од Интернационалниот Олимписки Комитет.