Македонија
25. November 2015 - 16:15

Европските земји почнаа да ,,креваат рачна‘‘ за бегалците

Македонија претставува клучна точка на западнобалканските мигрантски групи, со оглед на тоа што само во 2015 година низ нашата земја поминале повеќе од 500 илјади мигранти.

Поради тоа МВР дава огромен придонес во обидот да се формира регионален механизам кој ефикасно би одговорил во справувањето со предизвиците кои ги носи мигрантската криза.

Државниот секретар во МВР, Билјана Илиевска на семинарот за управување со миграциските движења и борба против криминалните мрежи, потенцираше дека Македонија функционира одлично со сите земји кои се зафатени со мигрантската криза, бидејќи тоа е неопходно за заедничка контрола на границите.

Оваа мигрантска криза е без преседан, која нема само трагични туку и криминални елементи, кои секојдневно еволуираат, потенцираше Лоренс Оер, амбасадорката на Франција во Македонија. Според неа најважно е да се работи според договореното во Акциониот план на ЕУ.

Францускиот и другите учесници на состанокот се согласија дека е неопходно ангажирање на европската гранична полиција Фронтекс на грчко-турската граница за да се врши селекција на мигрантите на бегалци и на економски бигранти на самиот влез во земја членка на Европската Унија.