Loading Video...
Свет
4. February 2019 - 17:03

Европските моќници застанаа зад Гваидо

Се шири списокот на држави  кои го поддржуваат Хуан Гваидо за привремен претседател на Венецуела додека да се одржат нови претседателски избори. Шпанија,  Велика  Британија, Австрија, Шведска, Данска , Франција, Германија, Холандија, Летонија  и Литванија  утрово застанаа зад Гваидо. Властите на европските држави се одлучија на тој потег откако претседателот Мадуро  го одби нивното барање да распише вонредните избори.

-Гваидо е личноста со која разговараме сега  и од која очекуваме да иницира изборен процес што е можно побрзо. Тој е легитимен привремен претседател за оваа задача од германска перспеклтива и од перспектива на многу еевропски партнери исто така. Се надецваме дека овој процес кје биде што е можно пократок и мирен, изјави германската канцеларка Меркел.

-Меѓународната политика не може да се базира на ултиматуми. Така беше во ерата на империи и колонии, порала Мадуро.

Од 23 јанаури Венецуела има  двајца претседатели, откако опозицискиот лидер и спикер на парламентот Хуан  Гваидо се самопрогласи за привремен лидер на земјата. Политичката криза во Венецела може да ја решат само Венецуелците е ставот на Русија која  е на страната на Мадуро.