Македонија
27. September 2021 - 16:50

Европскиот врв доаѓа во Скопје со порака дека регионот е на агендата на Брисел

Спорот со Бугарија  и негово надминување ќе биде главна тема за разговорите меќу претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и македонските лидери.  Во кој правец ќе се движат разговорите, дали ќе има пораки само до Македонија или и до Бугарија , која го блокираше процесот за старт на преговорите за члнество во Унијата, од кабинетот на фон дер Лајен не откриваат. Единствената порака од нив е дека  Европската Унија држи до регионот

-Таа ќе се сретне со лидерите и ќе разговара за билатералните односи со ЕУ и регионалните прашања, перспективата за преговори за членство на Северна Македонија е дел од пошироката дискусија, целта на претседателката е да ја потврди нејзината посветеност кон регионот и перспективата за преговори за членство во ЕУ со овие земји кога времето и условите ќе бидат добри и преговорите ќе бидат завршени, изјави портпаролот на Комисјата  Дана Спинант, портпаролката на Европската Комисија.

Во меѓувреме, на стартотот на изборната кампања, евроамбасадорот Гир не сакаше да ги коментира очекувањата од локалните избори.

Ден после посетата на фон дер Лајен , во земјава доаѓа и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој минатата недела беше во Бугарија. Таму разговараше за  надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите н земјава во Унијата.