Европскиот шеф на СЗО загрижен поради ефективноста на вакцините за мутираните видови на Ковид-19
Европа и фармацевтските групи мора да работат заедно за да ги забрзаат вакцинациите против Ковид-19, смета шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организација, изразувајќи притоа загриженост за ефективноста на вакцините врз варијантите на вирусот.
„Треба да бидеме подготвени“ за нови проблематични мутации на вирусот „со проширување на капацитетот на земјите за ген-секвенционирање“, изјави директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
Во Европската унија, само 2,5 проценти од населението ја примило првата доза на вакцина, но најавите од неколку лаборатории за зголемено испорака на вакцини ги зголемија надежите за забрзување на вакцинацијата.
„Треба да се придружиме за да ги забрзаме вакцинациите…со конкурентни фармацевтски компании кои ќе се приклучат на напорите за драстично зголемување на производствениот капацитет… и, тоа е она што ни треба“, нагласи тој.
На прашањето дали вакцините достапни од декември ќе бидат ефикасни против новите мутации на вирусот, Клуге одговори: „Тоа е големото прашање. Загрижен сум.
„Тоа е сурово потсетување дека вирусот сепак има предност врз човекот“.
Клуге е сепак оптимист.
„Ќе бидам искрен, мислам дека тунелот е малку подолг од она што го мислев на крајот на декември, но ќе биде можно повеќе да се контролира, повеќе да се спречи оваа година“.
„Можеби ако земјите од ЕУ вакцинираат 20 проценти од нивната популација – 20 проценти би значеле стари лица, здравствени работници, лица со коморбидитет – ако остваратт 20 проценти можеби тоа е моментот кога веќе можат да почнат да споделуваат некои вакцини“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација