Loading Video...
Ракомет
4. јуни 2019 - 19:14

Европскиот првак чека „инјекција“ за трета титула

Скопје и Македонија им приредија достоинствен пречек на  европските ракометни шампиони.

                Десетици илјади фанови  се најдоа на улиците во Скопје и на плоштадот Македонија да ги поздрават ракометарите на Вардар кои ја освоија втората титула во Лигата на шампионите.

                Емоциите беа незапирливи и се славеше до доцна во ноќта.

                Нема дилеми Вардар со овој успех ја задолжи Македонија но и ја отвори вратата за помош и спас на овој извонреден проект кој  силно ја промовира нашата држава во Европа и Светот.

                Начинот на кој црвено-црните дојдоа до двата трофеи е импозантен. Тоа е сон за кој уште долго ќе сонуваат екипи кои потрошија многу пари како Пари Сен Жермен, Веспрем, Кјелце  и затоа проектот Вардар мора да продолжи за сите нас но и за идните генерации.

                На Вардар мора да му се даде шанса и за трета титула. Ракометари има. Оние што славеа со фановите на синоќа на плоштадот  можеби нема да бидат тука, но ќе дојдат други помлади, желни за афирмација и докажување.  Зарем не заминаа дури 9-мина од првата шампионска генерација, ракометни ѕвезди како Штербик, Циндриќ, Душебаев...

                Вардар го заслужи големиот спортски поздрав од фановите. Доаѓаат и наградите , од градот Скопје од владата Агенцијата за млади и спорт.  Веќе 700 илјади евра.  Тоа е за ракометарите го заслужија тоа.  Спортистите велат тешко е да се искачиш на врвот но уште потешко е таму да останеш....Но Вардар очигледно има рецепт  и затоа одигра три завршни турнири од лигата на шампионите, само му треба стабилно финансирање. Ако Дибиров денеска кажа дека останува и верува во иднината на Вардар, веруваме дека и така ќе биде.....