Loading Video...
Свет
29. April 2021 - 16:38

Европскиот парламент со зелено светло за вакциналниот сертификат

Европскиот парламент ја одобри преговарачката рамка за здравствените пасоши со кои ќе може непречено да се патува меѓу земјите на  Унијата. Документот ќе се вика ЕУ Ковид-19 сертификат и ќе има рок на важност од 12 месеци. Со него ќе се потврдува дали лицето е вакцинирано, или има негативен тест или прележало корона. Во јуни треба да почнат и разговорите со земјите од западен Балкан за меѓусебно признавање на ваквите потврди, но претходно сертификатот треба да профункционира во самата Унија, вели европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс.

Сепак засега многу работи околу документов остануваат нејасни. Последен збор ќе има Советот, но европарламентарците се децидни дека сертификатот не смее да служи како пасош кој ке биде услов за преминување на границите, но во исто време сметаат дека оние кои го поседуваат не треба да подлежат на карантин, самоизолација или тестирање. Останува и нејасно дали ќе се признаваат и вакцините кои не се одобрени од европската агенција, како руската и кинеската. Независно од овие дилеми, некои земји како Франција, Данска и Австрија веќе се во процедура на воведување на свои зелени потврди.