Свет
5. July 2017 - 17:09

Европскиот парламент ќе расправа за негово едно единствено седиште

Европратениците ќе расправаат за едно и единствено седиште на Европскиот парламент заедно со Европската комисија и Европскиот совет на пленарната сесија во Стразбур, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Веќе повеќе години наназад, европратениците повеќепати се изјаснија за едно и единствено седиште на Европскиот парламент, ставајќи ги во прв план симболичните и реалните заштеди на една ваква одлука.
Европскиот парламент како официјално седиште го има Стразбур, но располага со свои згради во Брисел и Луксембург. Најголемиот дел од неговата работа на ниво на комиссите се довива во Брисел, додека Стразбур е резервиран за пленарните сесии. Во Луксмбург се наоѓаат архивите и дел од администрацијата на ЕП.
Најновата дебата доаѓа во моментот кога се зборува за реконструкција или пак дури и  уривање на зградата на ЕП во Брисел поради  технички проблеми, додека пак во Стразбур во тек е реновирање на салата резервирана за печатот.
 
Најчести заговорници за преселувањето на ЕП од Стразбур во Брисел беа британските европратеници.
 
За евентуална одлука за едно единствено седиште на Европскиот парламент, не е доволна одлука на европратениците, за тоа е потребна измена на договорот на ЕУ и едногласна одлука од страна на државите членки.