Македонија
24. October 2019 - 16:46

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата, пратениците бараат старт на преговори со Македонија и Албанија

412 европратеници ја поддржаа резолуција за отпочнување пристапни преговори со Македонија и Албанија. Во кусата дебата по гласањето европратениците испратија остри критики кон однесувањето на францускиот претседател Макрон и побараа од европските лидери да ја исправат оваа стратешка грешка на нивната следна средба.

Ваквиот став европратениците му ги преносоа и на спикерот Џафери кој изминаите два дена оствари повеќе средби.

Европската народна партија која е всушност и најбројна во европскиот парламент, директно го осуди однесувањето на Макрон, кое оцени дека го нарушува кредибилитетот на Европската унија.

Со усвоената резолуција европратениците потенцираат дека одложувањето на преговорите со Скопје и Тирана може да ги дестабилизира двете земји, но и целиот регион.  Во исто време се поздравува и ставот на Македонија за продолжување на реформската агенда и договорите постигнати до Бугарија и Грција.