Свет
15. February 2017 - 12:59

Европскиот парламент го ратификува договорот ЦЕТА

Европскиот парламент го ратификува Договорот за слобдна размена со Канада (ЦЕТА), јави дописникот на МИА.

„За“ договорот гласаа 408 европратеници, 254 беа „против“ и 33 „воздржани“.

Гласањето следуваше по тричасовна дебата за и против Договорот за кој се преговараше цели седум години. Договорот се уште е оспоруван и неговата ратификација од националните и регионалните парламенти на Европската Унија се најавува како неизвесна и долга процедура. Некои од деловите на договорот ќе почнат да се спроведуваат од април оваа година.