Европскиот парламент ги избра своите 14 потпретседатели
Европскиот парламент попладнево ја комплетира листата на потпретседатели со Јоан Мирчеа Паску (социјалисти и демократи од Романија) 517 гласови, Димитрос Пападимулис (Обединета европска левица, Грција) 469 гласови, Улрике Луначек (Зелени/ ЕФА, Австрија) 441 гласови и Александар Граф Ламбсдорф (АЛДЕ, Германија): 393 гласови.
Претходно во првиот круг беа избрани од канидатите на Народните партии - Маиреад МкГинис (Ирска) со 466 гласаови, Раинер Виеланд (Германија)336, Рамон Луис Валсарел Сисо (Шпанија) 323 и Илдико Галл-Пелц од Унгарија 310 гласови.
Од канидатите на Социјалистите и демократите за потпретседатели беа избрани Богуслав Либерадски (Полска) 378, Давид-Мариа Сассоли (Италија) 377, Силви Гијом (Франција) 335 и Евелин Гебхард (Германија) 315 гласови.
Кандидатот на Европските конзервативци и реформатори Ричард Чарнецки (Полска) 328 и Павел Теличка (Чешка) кандидатот на Либералите 313 гласови.
Вчера вечер Европратниците го избраа Италијанецот Антонио Тајани од редовите на Народните партии за претседател на Европскиот парламент дури во четвртиот круг на гласање.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот