Европскиот механизам за стабилност има предлози за намалување на долгот за Грција
Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ) во наредните недели ќе ги претстави своите предлози за намалување на долгот за Грција, изјави извршниот директор Клаус Реглинг во интервју за францускиот весник „Ле ехо“.
Реглинг опишува три краткорочни мерки од кои едната е „олеснување на отплатите“.
- Поради тоа што имаше отплата, просечното доспевање е само 28 години, а нам ни е дозволено да одиме до 32 години, рече тој.
- Значи, можеме да работиме со тоа и релативно брзо да се прилагодат некои од отплатите, со цел да се избегнат големи скокови во отплатите во одредени години, и олеснување на профилот, објасни директорот на ЕСМ.
Вториот предлог е да се бараат начини да се намали ризикот од каматна стапка за Грција.
- Луѓето очекуваат каматните стапки во иднина да одат нагоре, а ние тука зборуваме за период од 30 години, и така работиме на начини да се заштити Грција, изјави Реглинг.
Третата мерка е да се елиминира очекуваниот скок на каматните стапки во 2017 година на еден мал дел од грчкиот долг со што ќе се заштедат неколку стотици милиони евра.
На прашањето кога тој ќе ги претстави своите предлози за овие три мерки, тој одговори дека ЕСМ има мандат.
- Во текот на следните неколку недели, сигурно пред крајот на годината, информира Реглинг.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО