Европски земји започнаа истрага за воени злосторства во Сирија
Неколку европски земји, меѓу кои и Шведска, Германија, Франција и Финска, започнаа истрага против наводни сторители на воени злосторства во Сирија, со цел да се обидат да се изборат за правда за жртвите на сирискиот конфликтот, кој веќе навлезе во шестата година.
Овие мерки се преземени, откако Русија и Кина два пати ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, поддржана од над 60 земји во мај 2014 година, во која се инсистираше прашањето за сирискиот конфликт да биде доставено пред Меѓународниот кривичен суд.
На дискусијата во ОН на тема „Први пукнатини во ѕидот на неказнивоста во Сирија“ учествуваа поддржувачите и противниците на активностите на европските земји за истрага за тешки злосторства во Сирија.
Амбасадорот на Лихтенштајн во ОН изјави дека напорите на европските земји треба да бидат поддржани и барањето за откривање и казнување на злосторствата мора да биде ставено на преговорите за мир во Сирија.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители