Свет
24. May 2019 - 19:13

Европски избори: Макрон ризикува многу

Претседателот на Франција Емануел Макрон вложува голем влог в недела на 26 мај, први избори речиси на половината од неговиот петгодишен мандат, додека неговата партија, Републиката во движење, ризикува да се најде на втората позиција зад Националниот собир (РН) на Марин Ле Пен, јавува дописникот на МИА.

Макрон одбива да предвиде пораз на европските избори на 26 мај.

Сепак, среќен крај од изборите, е малку веројатен за Макрон. Речиси сите последни испитувања на јавното мислење, покажуваат дека прво место ќе биде крајно десничарската партија РН, а второ Република во движење.

Два дена пред гласањето, овој епилог останува најверојатен.

Неделните избори за Европскиот парламент се претворија во тест за политиката на претседателот.

Ако неговите следбеници победат, Макрон ќе зајакне на домашна сцена. Тоа ќе може да му даде нов поттик за вториот дел од петгодишниот мандат.