Македонија
4. September 2016 - 9:26

Европски ден на еврејската култура

Еврејската заедница во Република Македонија вечер во Македонскиот народен театар ќе го одбележи Европскиот ден на еврејската култура - манифестација која истовремено се одржува во 32 европски земји, а во Македонија се организира 11-ти пат. 

Секоја година темата на одбележувањето е различна, а ја поставува Европската асоцијација за зачувување и унапредување на еврејската култура и наследство. Оваа година темата на Европскиот ден е „Еврејски јазици“.

Ќе биде изведена претставата „Еврејски јазици: колку јазици знаеш, за толку луѓе вредиш“, базирана на романот „Роман во слики“ од Гордана Куиќ, а во режија на Снежана Коневска-Руси.

- Преку глума, музика и танц, на сцената ќе прикажеме магичен спој на јазици - џудео-еспањол, јазикот на сефардските Евреи, хебрејски, ромски, српски и македонски, соопшти Еврејската заедница во Република Макеоднија.