Балкан
1. October 2021 - 16:50

Европската статистика покажува дека работниците на Балканот имаат најмногу работни часови

Во ЕУ нема единствен став за тоа дали недела треба да биде неработен ден. Во Германија ваквото право за работниците е загарантирано со  уставот, во Норвешка во недела  затворени се моловите и големите бензиски пумпи, слично е и во Чешка, Франција пред 6  години донесе закон со кој  градоначалниците  можат да изберат 12 недели кои ке бидат работни за трговците. Искуствата се поинакви  во Унгарија, каде во 2015 година бил донесен закон за неработна недела а само една година потоа укинат . Во Словенија имаше успешен рефрендум за намалување на работните недели на годишно ниво, но Уставниот суд подоцна ги поништи овие резултати, а   работењето во недела сега  е ограничено со колективни договори.  На Грците им е гаранирана работна недела со пет работни дена, 8 часа дневно, во Романија на работникот има право на два последователни солободни дена.

Според евростат  Балканските држави го држат рекордот во работни часови, па така во Србија се работи по 43 часа неделно, 40 во Македонија,а во  Црна Гора која имаше  45 часа неделно конечно годинава стапи во сила одлуката за неработен ден недела, што строго се почитува.

И додека балканците водат борба за работничките права, во светот веке се работи на 4 дневна работна недела, како опција која два најдобри работни резултати.

Според Евростат во најмокната економска сила во Европа  во просек неделно се работи 34 часа.