Балкан
8. August 2019 - 18:59

Европската перспектива на Западен Балкан една од темите на средбата Дендиас

Европската Унија значи да се говори и за перспективите за проширување со Западен Балкан, бидејќи е географски регион од голем и близок интерес за Италија и за Грција и во однос на ова ќе ги координираме нашите позиции, изјави шефот на италијанската дипломатија, Енцо Моаверо Миланези по средбата со неговиот грчки колега, Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

На средбата во Министерството за надворешни работи на Грција, Дендиас и Моаверо Миланези разговарале меѓу другото и за регионот, односно како што рече шефот на грчката дипломатија, „за ситуацијата на Западен Балкан и европската перспектива на земјите од регионот“.

Двајцата министри разговараа и за Источниот Медитеран, за енергетските теми како што се изградбата на гасоводите ТАП и „ИстМед“, како и за миграцискиот проблем.

Дендиас и Моаверо Миланези посочија дека ќе ги интензивираат контактите и средбите.

Последната посета на Грција на шеф на италијанската дипломатија беше пред речиси три години, а Моаверо Миланези е првиот министер за надворешни работи на земја членка на ЕУ што доаѓа во Атина по изборите минатиот месец. Тој за време на дводневната посета на Атина ќе оствари средба и со претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос.