Бизнис
16. January 2020 - 19:35

Европската комисија во обид да воведе единствена минимална плата

Фер загарантирана минимална плата во сите земји членки на Унијата. Европската  Комисија го објави својот план за заеднички минималец,  за да се спречи експлоатацијата на евтината работна  сила. Комесарот одговорен  за работни места  Николас Шмит изјави дека во многу земји членки на ЕУ работниците за исти професии добивале значително пониски плати во  различни држави. Затоа Комисијата  работи на акциски план кои би требало да биде готов догодина.

Сите работници мора да имаат фер плата која ќе им овозможи пристоен стандар на живот. Премногу работници во ЕУ се уште живеат во сиромаштија. Ние мора да ставиме рамка на минималанта загарантира фер плата во ЕУ, изјави Николас Шмит, комесат на ЕК за работна сила

Но ваквиот план веднаш наиде  на критика од скандинавските  земји, кои нема да ја прифатат иницијативата, бидејки може да ги поткопа нивните колективни системи за договарање. Во   Данска, Шведска и Финска  Синдикатот се договара  со работодавачите и заеднички ги утврдуваат платите, кои  обично се повисоки  отколку во другите земји, однесно околу 15 евра на час.

Од  28 членки на Унијата, само Данска, Италија, Австрија,  Финска и Шведска немаат загарантирана минимална плата. Во Германија утврден е минималец од 2015 та, кој изнесува 9,35 евра на час, но планираат да се зголеми на 12евра. . Луѓето кои земаат помалку од 60% од просечната плата во земјата се сметаат за сиромашни. Минатиот месец и кај нас се зголеми минималната плата, која  е нешто пониска  од 60% од просечната  плата.