Македонија
7. April 2020 - 13:53

Европската Комисија утре ќе даде препораки за излез од мерките на изолација

Европската Комисија утре треба да објави насоки и препораки за земјите членки кои тие треба да ги земат предвид во рамите на нивните стратегии за излез од сегашните мерки на изолација на граѓаните.

Откако Австрија и Данска објавија дека ставаат постепен крај на мерките на изолација, Европската Комисија оцени дека е време да се издадат препораки за сите 27 земји членки на Унијата.

-Добар прв чекор е што Австрија и Данска ги информираа другите земји за нивната намера да одат напред, и ние ќе работиме со земјите членки на спроведување на излезна стратегија на координиран, кохерентен и глобален начин, изјави Ерик Мамер, портпарол на Европската комисија.

Препораките за тоа какви мерки треба земјите на ЕУ да преземат за излез од изолацијата ќе бидат усвоени утре од страна на колеџот на еврокомесари и презентирани од страна на претседателката Урсула фон дер Лајен.