Македонија
18. December 2015 - 16:03

Европската комисија предлага визна либерализација за Косово

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер предложи денеска Европската унија да воведе визна либерализација за граѓаните на Косово, Украина и Грузија.

- Комисијата утрово позитивно го оцени предлогот за визна либерализација за Грузија, Косово и Украина, рече Јункер по самитот на ЕУ во Брисел.

ЕУ претходно ги суспендираше разговорите со Русија околу олеснување на визниот режим за руските државјани поради ситуацијата во Украина и улогата на Русија во неа.