Свет
1. March 2021 - 14:14

Европската Комисија ќе предложи “дигитален пасош“ за Ковид-19

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен на Твитер најави дека нејзината институција ќе предложи формално воведување на пасоши за граѓаните да можат да патуваат во услови на пандемија.

-Овој месец ќе поднесеме предлог закон за Дигитален Зелен Пасош. Целта е да се поднесе доказ дека лицето е вакцинирано. Оние коишто уште не можеле да добијат вакцини, да достават негативен тест, твитна претседателката на Европската Комисија и увери дека овој предлог ќе ги почитува сите стандарди на ЕУ за заштита на личните податоци.

За Фон дер Лајен овој пасош треба да го „поедностави“ животот на Европејците и да им се овозможи постепено повторно да патуваат и да се движат преку границите.

На брифингот на Европската Комисија денеска не се дадоа повеќе детали за содржината на овој предлог кој треба да биде поднесен во текот на овој месец.