Ракомет
31. December 2019 - 16:09

Европска титула на Вардар, ЕП на одбојкарите....

Годината 2019 год....ја испраќаме со позитивни  сеќавања за резултатите што ги постигнаа македонските спортисти.  Особено импресивни се постигнувањата во екипните спортови на чело со ракометарите на Вардар кои ја освоија втората шампионска титула.
Црвено-црните предводени од Роберто Парондо по вторпат се искачија на европскиот врв и тоа кога им се даваа минимални шанси. На таков начин се пласираа и на завршниот фајнал-фор во Келн каде во полуфиналето по импресивен пресврт ја елиминираа фаворизираната Барселона.  Во финалето убава приказна против Веспрем и голема радост за македонските фанови кои ги пречекаа повторно како херои на скопскиот плоштад. 
Нека новогодишната порака биде ....европскиот  не смее да згасне....мора да му се подаде рака да ја продолжи успешната приказна.  Во оваа пригода мора да се спомене и дебитантскиот настап на Еурофарм Работник во Лигата на шампионите и СЕХА лигата.  Овој клуб под името  Пелистер Еурофарм се очекува да му донесе нови пријатни моменти на македонскиот спорт. 
Историја испишаа одбојкарите кои за првпат настапија на големо натпреварување како што беше ЕП во Љубљана. Дебитантската победа ја остваривме против Белорусија а срцата на фановите заиграа по големата победа над домашната селекција на Јапонија. Успех кој ретко кој го очекуваше што потврди дека одбојката е национален спорт кој треба да се негува и поддржува. 
Македонската фудбалска репрезентација  за првпат во својата историја  заврши на третото место во квалификациски циклус, овојпат за ЕП и тоа со освоени 14 бода во група со Полска, Австрија, Словенија, Израел и Летонија.  Капитенот  Горан Пандев во годината која останува зад нас го одигра 100-тиот јубилеен натпревар и најави нови успеси во новата година кога не очекува историскиот бараж со Косово во Лигата на нациите. На клупски план Македонија немаше успех на меѓународната сцена откако екипите го завршија настапот на стартот.