Македонија
5. September 2018 - 10:33

Европска недела на спортот во насока на промовирање на здрав живот

Агенцијата за млади и спорт е носител на проектот на Европската комисија „Европска недела на спортот“ која од 23-30.09 се одржува на територија на цела Европа, па и кај нас.

Изминатиов период, но и во периодот на „Европската недела“, се одржуваат настани во насока на промовирање на неделата на спортот и сите активности кои таа ќе ги содржи.

Европската недела на спортот насловена како #BeActive ќе придонесе за развој на спортот во смисла на активно вклучување на граѓаните, индивидуално и институционално унапредување и промовирање на стилови за водење грижа на здрав живот на секој поединец.

Воведувањето на овој проект во Република Македонија на локално ниво ќе овозможи квалитетни активности кои создаваат вредност и одржливи резултати кои ќе ја продолжат #BeActive пораката во земјата.

Видеото за проектот може да се погледне на следниов линк