Спорт плус
17. јуни 2016 - 9:42

Европска лига: Македонија се пласира на фајнал-фор

Нашите најдобри одбојкари со победа стартуваа на вториот турнир од Евролигата што се игра во Скопје. Совладана е во тежок меч селекцијата на Албанија со 3-2 (23-25, 25-23, 20-24, 25-17, 15-10) и по поразот на Данска од Бугарија со 3-1 практично нашите одбојкари се на завршниот фајнал фор турнир што ќе се одржи во Варна на стартот на јули. 

Вечерва Македонија во 19.30ч игра против Данска.