Европол разби балканска криминална група - запленети 2,6 тони кокаин и 324 килограми марихуана
Во меѓународна полициска акција координирана од Европол, разбиена е балканска група на трговци со кокаин и започната истрага против повеќе од 61 осомничени членови на таа криминална организација.
Во заедничка акција на припадници на полицијата од Шпанија, Хрватска, Србија, Германија, Словенија, БиХ, САД и Колумбија, спроведена истовремено на повеќе локации во Европа, припадниците на оваа криминална организација беа лишени од слобода, претежно државјани на Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија, се наведува во соопштението на Европол.
За време на полициската акција, запленети се 2,6 тони кокаин, 324 килограми марихуана, девет луксузни автомобили и пет мотоцикли, како и 612 илјади евра во готово.
Додека криминалците се движеа на релација помеѓу Шпанија и Јужна Америка со цел да ги откријат деталите за акцијата за шверц на кокаин со вкупна тежина од над 1,25 тони, беа применети специјални полициски мерки за надзор.
Истрагата беше забрзана во март годинава кога шефовите на овој криминален картел отпатуваа во Шпанија за да се подготват за пристигнувањето на пратката кокаин.
Ново на Сител
-
Во Софија средба на историчката комисија - Се разговарало за евентуални заеднички чествувања и дискусии за учебници
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија