Свет
22. February 2016 - 17:58

Европол: Поголем безбедносен ризик за Велика Британија без ЕУ

Директорот на Европол Роб Вејнрајт денеска предупреди дека Велика Британија ќе се соочи со големи безбедносни ризици ако ја напушти Европската унија.

Тој истакна дека британската полиција тогаш ќе има потешка работа да ги заштити граѓаните од терористички напади и од организираниот криминал.

Претходно, британскиот министер за труд Јан Данкан Смит истакна дека останувањето на Велика Британија во ЕУ ќе ја направи земјата ранлива за терористичките напади како тие што се случија во Париз.