Свет
27. March 2020 - 10:34

Европол: Нагло зголемен криминал во Европа во време на пандемијата

Стапките на криминал се зголемени за време на пандемијата на новиот коронавирус, а криминалците и банди брзо се организираат, предупреди денеска Европол.

Инспекторите откриле зголемување на компјутерскиот криминал, измами, кражби и фалсификување, соопшти европската полициска организација.

Во извештајот се вели дека од избувнувањето на епидемијата на коронавирусот, значително се зголемила продажбата на фалсификувана заштитна опрема – маски, средства за дезинфекција и лекови. Европол исто така предупреди и за компјутерски криминал, особено затоа што многумина сега работат од дома, со што нивните податоци и мрежи се помалку безбедни.

Европол исто така очекува брзо зголемување на измамите.