Свет
27. October 2017 - 8:31

Европол ќе учествува во истрагата за убиството на новинарката од Малта

На Малта се очекува да пристигнат тројца иследници од Европол, кои ќе учествуваат во истрагата за откривање на убијците на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција.

Нејзиното убиство го сврте вниманието на меѓународната јавност, поради тоа што таа, пред да биде убиена, ја истражувала корупцијата во врвовите на власта. Иследниците се очекува да пристигнат на Малта до крајот на неделава.

Холандски експерти и агенти од американското ФБИ веќе се приклучија на истрагата за убиството од 16 октомври, кога беше кренат во воздух автомобилот на новинарката, по што таа почина.

Во вторникот, претседателот на Европарламентот Антонио Тајани соопшти дека го покренал ова прашање на состанокот со лидерите на ЕУ.

– Побарав меѓународна истрага за целосно разјаснување, на овој досега невиден, според својата сериозност, настан, истакна Тајани.

Владата на Малта деблокираше еден милион евра, наменети за информација, која би довела до информација до извршителите и нарачателите на убиството. 

Синоќа група жени, поставија шатори на историскиот плоштад во малтешкиот престолнина Валета, најавувајќи четиридневен протест, во кој бараа оставка од шефот на полицијата и министерот за правда и нивна замена од страна на поединци одобрени од две третини од парламентот.

ЕП испраќа делегација на Малта за да истражува како Владата се справува со корупцијата, што според локалните меиуми, се толкува како уште еден начин за вршење притисок врз премиерот Џоузеф Мускат.

Претседателот на групата АЛДЕ во Европарламентот Ги Верховштад изјави вчера дека корупцијата во Малта веројатно е толку широко распространета и оти се претворила во доходовен бизнис модел. Делегацијата ќе провери дали во Малта се спроведува владеењето на правото и какви мерки се преземаат против корупцијата и перењето пари, појасни Верхофштад.