Европарламентот усвои Резолуција за заштита на новинарите | Сител Телевизија
Свет
19. April 2018 - 17:52

Европарламентот усвои Резолуција за заштита на новинарите

 - Европскиот парламент денеска со голем мнозинство усвои Резолуција за заштита на новинарите.

Во текстот на документот, за чие усвојување гласаа 573 од вкупно 750-те членови на Европарламентот, остро се осудува убиството на словачкиот истражувачки новинар Јан Куцијак во февруари годинава и се повикува Братислва да спроведе меѓународна и независна истрага за случајот.

Извори во Европарламентот соопштија дека се размислиаа Програмата за обука на новинари на оваа институција да биде именува по Куцијак, кој беше убиен во време кога работеше на истражувачка сторија за поврзаноста на луѓе блиски до поранешниот словачки премиер Роберт Фицо со италијанската мафија.

Во усвоената Резолуција се осудуваат и навредливите коменатри на некои европски политичари упатени кон новинарите и се повикуваат земјите членки на ЕУ да ги гарантираат личните слободи и непрокосновеноста на домовите на медиумските работници.

Со Документот се апелира и до членките на ЕУ да ги заштитат новинарите од притисоци, обвинеија за клевети, судски прогон и попречување во работата.

Европратениците повикаа и на формирање фонд на ЕУ за поддршка на независното истражувачко новинарство и за подготовка на европско законодавстсво за медимуски слободи и плурализам, во чии рамки подобро би се следела сопственоста на медиумите и нивното финасирање.