Свет
7. July 2016 - 16:04

Европарламентот сака полесна суспензија на безвизниот режим

Комисијата за граѓански слободи на Европскиот парламент денеска побара олеснување на процедурата за сусепнзија на безвизниот режим, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Со предлогот се предвидува побрзо времено укинување на безвизниот режим за граѓаните на земјите од кои ќе биде регистрирано нагло зголемување на илегалната имиграција кон ЕУ. Истите правила ќе важат и за држави чии граѓани ќе упатуваат зголемен број неосновани барања за азил или за земји кои нема да соработуваар со Европската унија по прашањето за реадмисија на нивни државјани.

Со предлогот за измени на правилата за безвизен режим, што Комисијата го усвои денеска во Стразбур, се предвидува и промена на одредбите врз основа на кои се забрзува постапката со која една држава членка на Шенген зоната може да побара суспензија на безвизниот режим за период од 6 месеци. Еврокомисијата исто така ќе добие можност самата да го активира тој мегханизам.

Извештајот, подготвен од страна на шпанскиот конзервативен европратеник Агустин Диаз де Мера, беше одобрен со 42 гласови „за“, девет „против“ и еден „воздржан“.

- Ние треба да имаме флексибилна и моќна алатка, но тоа исто така мора да бидат вклучени и силни гаранции за човековите права. Затоа ЕП предлага неколку одредби за да се осигура дека човековите права се почитувани од земјите кои го користат безвизниот режи, изјави Дијаз де Мера по гласањето.

Имајќи ја предвид актуелната миграциски криза и неодамнешните предлози на визната либерализација за Грузија, Украина, Турција и Косово. Еврокомисијата во мај предложи да се разгледа механизмот за суспензија, кој стана дел од европското законодавството во 2013 година, со цел тој да биде пофлексибилни.

Меѓу другите промени, извршното тело на ЕУ сугерираше дека оваа алатка е достапна за користење не само во „вонредни ситуации како последно средство“, но, исто така, и во случај на тензии со миграциски приливи, апликации за неосновани барања за азил или одбивање на реадмисија.

Европратениците ги поддржаа поголемиот дел од предложените промени од Комисијата и вметнаа други одредби. На тој начин се прошири основа врз кој една земја членка може да побара суспензија на безвизниот режим за некоја држава, вклучувајќи го и „зголемениот ризик или непосредна закана за јавниот ред и мир или внатрешната безбедност“ на нејзините државјани. Овие ризици мора да биде поддржани од страна на „објективни, конкретни и релевантни" информации дадени од страна на националните власти за примената на законите и од страна на Европол.

Членовите на измените предвидуваат дека суспензијата на визната либерализација треба да биде „последно средство“ и треба да се базира на „строги и објективни податоци“. Комисијата редовно ќе поднесува извештај да Парламент и Советот на ЕУ за тоа дали земјите чии граѓани можат да патуваат во ЕУ без визи продолжуваат со исполнувањето на критериумите за визна либерализација, особено во однос на човековите права и основните слободи.

Пред да се донесе одлука за привремено суспендирање на визната либерализација, Комисијата ќе ја испита состојбата на човековите права во конкретната земја, при што „треба да се земат предвид можните последици“ за граѓаните ако повторно се воведат визи.

За да се одговори на потребата за брза реакција, Комисијата ќе има надлежност да одобри одлуки на кои ќе можат да се спротивстават европратениците и земјите-членки. По добивањето на известувањето за земјата или врз основа на својот извештај, Комисијата ќе има еден месец да одлучи дали да ја суспендира визната либерализација.

Визите можат повторно да се воведат за период од шест месеци. Пред истекот на овој период, Комисијата ќе достави извештај до Парламентот и Советот, придружен со законодавен предлог за трајно ставање на листата на земји за чии државјани ќе се бара виза за патување во рамките на Европската унија.

Регулирањето на механизмот за суспензија на визниот режим не се однесува на Обединетото Кралство или Ирска.

Преговорите меѓу Европарламентот и Европскиот совет за ова прашање ќе почнат следната недела.