Европарламентот денеска ќе расправа по прашањето за проширување на Шенген-зоната
Европскиот парламент на денешната седница ќе расправа за пристапување на Бугарија и Романија во Шенген-зоната, при што се очекува европратениците да побараат проширување на областа на слободно движење за да ги вклучи сите земји-членки на ЕУ што сакаат да бидат вклучени во неа.
Освен Бугарија и Романија, во моментов надвор од Шенген се и Хрватска, Кипар и Ирска. Тоа не се први дебати во Европскиот парламент на кои се упатува повик Бугарија и Романија да се вклучат во областа на слободното движење. Апел имаше и во резолуциите усвоени во 2018 и 2020 година, како и во минатогодишниот извештај за функционирањето на Шенген-зоната. Европската комисија, исто така, во повеќе наврати апелираше за влез на Бугарија и Романија во зоната.
За тоа да се случи е неопходна едногласна согласност во Советот на ЕУ. Прашањето не беше приоритет на француското претседателство во Унијата што заврши на крајот на јуни, а администрацијата на претседателот Емануел Макрон беше на мислење дека пред приемот нови членки треба да се спроведат реформи во Шенген-зоната. Холандија и натаму се спротивставува на приемот нови членки.
Ново на Сител
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи