Европарламентот бара да се вратат визите за државјаните на САД
Европскиот парламент денеска усвои резолуција со која ја бара од Европската комисија да преземе мерки за привремено повторно воведување на визи за граѓаните на САД, јави дописникот на МИА од Брисел.
Со Резолуција на Европарламентот, Еврокомисијата се повикува да ги усвои потребните законски мерки за воведување на визи за американските граѓани „во рок од два месеци“.
Европскиот парламент ја донесе денешната резолуција поради одбивањето на Вашингтон да ги укине визите за влез во САД на државјаните на пет земји членки на ЕУ
Во текстот подготвени од страна на Комитетот за граѓански слободи на ЕП се наведува дека граѓаните на Бугарија, Хрватска, Кипар, Полска и Романија се уште не може да влезат на територија на САД без виза, додека американските граѓани патуваат во земјите на ЕУ без визи.
Според механизмот за визен реципроцитет на Унијата, ако трета земја не ги укине визите за членка на ЕУ во рок од 24 месеци по нејзиниот прием ви Унијата, таа треба да биде известена за непочитување на реципроцитетот.
Врз основа на оваа одредба, Комисијата ќе мора да донесе делегиран акт за укинување на безвизниот режим за Американците за период од 12 месеци. На оваа одлука може да се спротивстави Европскиот совет, но и Европарламентот, иако тој и ја предлага оваа иницијатива.
Канада, исто така има визен режим за бугарските и романските граѓани, но најави дека тие ќе бидат укинати на 1 декември 2017 година.
Според Европската комисија, воведувањето на визите за американските граѓани на ЕУ би и нанело загуби од речиси седум милијарди евра и привремена загуба на 140 илјади работни места.
Ново на Сител
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син
-
САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии
-
Акциска контрола на угостителски објекти, приведен 29-годишник, пронајдена е дрога
-
Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”