Свет
8. September 2019 - 16:09

Европарламентарката Дубравка Шуица од ЕПП доаѓа на местото на Хан?

Хрватската европарламентарка Дубравка Шуица од Европската народна партија треба да го наследи Јоханес Јан, објави Еуропеан вестерн балканс повикувајќи се на извори од Брисел.  Дали таа ќе биде новиот еврокомесар за проширување во ЕК, ќе се знае во вторник, кога претседателката Урсула фон дер Лајен ќе ги соошти имињата на своите соработници.

Во европскиот парламент Шуица членува од 2013, а оваа година е и потпретседателл на европската десница. Како европратеник таа се залага за членство во ЕУ за земјите од Западен балкан, особено за Босна и Херцеговина. Сепак таа не е оптимист дека Србија која веќе има отворено преговори со Унијата може да стане членка до 2025та година.

Доколку Еврпскиот парламент ги одобри новиете еврокомесари, новата ЕК на должност треба да стапи од 1 ноември.