Европа се сети дека на Македонија и е потребна помош за справување со илегална миграција
Европа се сети дека на Македонија и е потребна помош за справување со илегалната миграција. Министрите учесници на Салзбуршкиот форум, побарале да проработи солидарноста и да се сподели товарот кој го наметнуваат мигрантите што ја користат балканската рута. Германија, Австрија, Чешка, Полска и земјите од регионот кои се дел од ЕУ најавиле испраќање на свои полициски тимови кои ќе бидат вклучени во патролирањето на јужната граница. Овие европски земји ќе помогнат и со техничка опрема за подобро обезбедување на граничната линија за да се намали илегалниот премин од Грција, но и финанска поддршка за Македонија. Ова ќе овозможи евроските безбедносни служби на терен да се уверат во наводните напори кои ги вложува Грција. Колкав број на полициски службеници и кога ќе бидат испратени дополнителчно ќе се одлучува. Ова ќе значи многу за држава како македонија која е прва на удар од зголемениот бран мигранти кои преку балканската рута патуваат кон западно европските земји.
Според официјалните бројки од 19 јуни кога беа направени законските измени досега се издадени речиси 23 илјади потврди за изразена на намера за барање азил, не вклучувајки ги оние кои не побарале потврда.
Финансиска помош за справување со мигрантската кирза денеска одлулчи да одвои и Европска унија. 90.656 евра за Црвениот крст, која според пресметките на Брисел треба да им помогне на 4,600 бегалци во следните три месеци.
- Помошта ќе ги покрие основните потреби, како што се услуги од примарната здравствена заштита, снабдување со вода, храна, хигиенски пакети, ќебиња, облека, чевли, продукти за нега на бебиња, соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Помошта е наменета пред се за прифатниот центар за баратели на азил во Скопје и за железничките станици во Гевгелија и Табановце.
-
Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар