Македонија
2. February 2016 - 17:13

Европа не е подготвена за уште една година како 2015

Европа не е подготвена за уште една година како 2015. Напливот од мигрантите врши сериозен политички и безбедносен притисок  во сите земји, заклучија шефовите на дипломатиите од земјите на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и претставници на Европската Комисија на неформалниот состанок во Софија, на кој учествуваше и МНР Никола Попоски.

Македонија и земјите од регионот се на првата линија на удар на мигрантскиот бран, а во првата половина на 2016 година трендовите за заштита ќе се кршат помеѓу Грција, која не ја исполнува својата обврска и Македонија која неофицијално стана прва граница на Европската Унија.

Воедно на неформалната средба на шефовите на дипломатиите на ЕУ и земјите кандидати што деновиве ќе се одржи во Холандија е најавено дека ќе се разговара на што треба да се насочи  конкретната помош за Македонија од Унијата, финансиски и материјално.