Loading Video...
Свет
22. October 2020 - 16:37

Европа и регионот со рестриктивни мерки против есенскиот бран на корона

Нови рекордни бројки на ковид заразени во Европа и во регионот. Во Бугарија во последното денонокие се потврдени 1472 нови случаи од направени 8738 тестирања. Од денеска  кај нашиот источен сосед задолжително е носење маска и на отворено.

Пред Министерството  за здравство се одржа протест  против новата наредба на министерот.  И Словенците се противат на   поригозорните мерки . За утре најавија протести пред ПАрламентот. Една од мерките  е  полицискиот час  од 21  до 6 часот , за првпат воведен од Втората светска војна.  Во Словенија  во последните 24 часа се потврдени  1663  нови случаи. Висока бројка пријави и Хрватска –1563 новозарени и 13 починати , што исто така е ркорд во земјата. Засега  кризниот штаб  на Хравтска без нови мерки, но инсистира  да се почитуваат постоечките мерки и ригорозно да се спроведуваат контроли.

Шокантни бројки  објавија и Чешка И Полска.  Чешка од денеска со нови порестриктивни мерки - ќе работат само супермаркетите и аптеките а само две лица од различни семејства смеат да се групираат. Во сила е и мерката за носење заштитна маска на отворено и во автомобили. Од утре уште еден италијански регион ќе воведе  забрана за движење во ноќните часови . Уредбата со важност од  еден месец го опфаќа и Рим.

Корона вирусот експлодира и во Белгија и Германија. Белгија  забележа  рекордни 13 227 нвоозаболени лица и 50 смртни случаи . Меѓу заразените е и министерката  за надворешни работи.

Од почетокот на пандемијата, Чешка, со население од 10,7 милиони жители, бележи најголем пораст на бројот на новозаболени во Европа а Шпанија и Франција првите  европските земји кои го надминаа прагот од еден милион случаи на коронавирус.