Loading Video...
Свет
5. October 2020 - 21:26

Европа ги враќа рестриктивните мерки, протести и вонредна состојба

И француските угостители протестираа, но бадијала. Од утре рестрикциите  стапуваат во сила и во Париз.  Поради зголемениот број на заразени од Ковид, во градот на светлината  се затвораат сите барови, но и теретаните и базените. Мерката ќе трае во наредните две недели.  Рестораните остануваат отворени, но само под посебни протоколи. Работното време се ограничува до 22 часот, а растојанието меѓу масите се зголемува на 1 и пол метар. Во Марсеј, вториот по големина град на Франција, истите мерки важат уште пред една недела, со тоа што таму катанец е ставен и на  рестораните . Француската влада смирува дека не се планира национален карантин, и дека рестрикциите ќе се заоструваат само во оние градови каде стапката на заболени расте.  Во моментов 30 проценти од капацитети на интензивнатат нега во болниците во Франција се зафатени од пациенти болни од корона, а само во Париз се регистрирани над 200 активни кластери.  

Во Чешка е прогласена вонредна состојба. Затворени се средните училишта, а рестрикции има во рестораните, спортските и јавни настани. Во земјата во петокот е забележан рекорд од речиси 4 000. По Шпанија, Чешка сега има најголем број болни, а по смртни случаи е четврта во Европа.

Во Москва учениците нема да одат на ичилиште следниве две недели, а на компаниите им е кажано барем 30 проценти од вработените да работат од дома. Во Русија бројката на инфицирани дневно се искачи на 10 000, највисока стапка регострирана од мај.

Шпанија  има најголем број на заболени во цела Европа. Мадрид викендов беше целосно затворен, а забрането е групирање над шест лица.

Во Италија се најавува задолжително носење маски на отворено низ целата земја, засега тоа важи само во пет од вкупно 20 региони.

Во Германија  од пред два дена мора да се носи маска во јавниот транспорт и продавниците. Казната изнесува 50 евра доколку не се почитува мерката. Рестораните и кината се отворени, но не и клубовите и театрите. Училиштата работат, а учениците задолжитечно носат маски во училшната згрда, но не и во училницата каде посетуваат часови. Сите вработени во училиштата во Берлин можат бесплатно да се тестираат на Ковид без оглед дали имаат симптоми. Тестирањето е по слободна воља.