Бизнис
11. July 2016 - 19:42

Еврообврзницата ќе донесе свеж капитал за бизнисот, за опозицијата таа е незаконска

Еврообврзницата треба да го осигура растот на економијата кој во голема мера се темели на капиталните проекти, велат од бизнис заедницата.

Капиталните инвестиции на државата обезбедуваат работа за еден од најважните сектори во еконојата, градежништовото, кој пак, ангажира десетици други гранки.

Со еврообврзницата од 650 милиони евра треба да се покрие буџетскиот дефицит за оваа и следната година како и да се вратат стари долгови. За сметка на тоа и ќе се намали домашното задолжување.

Опозициската партија СДСМ тврди дека нејзиното издавање би било незаконско бидејќи нема да биде спроведено согласно договорот од Пржино.

Со оглед на политичката криза еврообврзницата треба да придонесе за стабилност на економијата во турбулентен период, порачуваат експерти.

Ова ќе биде 5-та еврообврзница на Македонија. Првата беше издадена во 2005-та.