Кошарка
21. May 2020 - 14:33

Евролигашите на 25 мај ќе решаваат за прекинатата сезона

 
 
Како што информираат шпанските медиуми, единаесетте клубови кои се постојани членки Евролигата на 25 мај ќе треба да донесат одлука што понатаму со прекинатата сезона.
 
Иако во поголемиот дел од Европа, веќе е ставен крај на националните првенства, сепак во Евролигата не се откажуваат од идејата сезоната 2019/2020 да се доигра. 
 
Дел од екипите, пред се турските и руските претставници, Фенербахче, Анадолу Ефес, ЦСКА Москва, Химки, веќе ги распуштија своите тимови, па затоа и претпоставката на шпанските медиуми, дека поголем дел од тимовите ќе бидат против одлуката да се доигра сезоната, што е спротивно од идејата на раководството на лигата, таа да биде доиграна и тоа на неутрален терен, со завршен турнир, на кој најверојатно би настапиле осумте најдобро рангирани екипи. 
 
Едно е јасно дека одлуката на 11-те клуба ќе биде и насока за состанокот кој ќе следува два дена подоцна, а на кој сите 18-тима ќе треба да го кажат последниот збор, ќе гледаме ли елитно клупско кошаркарско натпреварување летово или не. 
 
Разврската за ова натпреварување, ќе биде и насока во кој правец ќе се движи и одлуката за регионалната АБА лига, која дава свои претставници во елитното натпреварување. Воедно тоа ќе биде и важно и за македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром кој треба да ги игра плејоф натпреварите во второлигашката конкуренција на АБА лигата.